Add to Collection
Tools Used

Tools

About

About

Exhibition I The Person, aPOSTERiori, 29.06.2012 @ Отворено графичко студио - Музеј на град Скопје
Published:
Exhibition I The Person, aPOSTERiori
Постерот е урбан медиум и неговиот статус отсекогаш бил контроверзен. Не очекува да му се поклониме и да го изложиме во музеј. Направен е за да ги исполни барањата на клиентот и најчесто e изложен на улица а комуникативноста е негов основен императив.

Постерите на Горан Костовски се изложени во галерија и добри се од повеќе аспекти- не се претенциозни, направени се за да ги задоволат неговите лични, интимистички потреби и токму тука престанува нивната врска со адвертајзингот при што навлегуваат во доменот на “чистата” уметност. Неговите постери или дигитални графики (разграничувањето на медиумите е сосема ирелевантно) изложени во Отвореното графичко студио се плод на долгогодишното искуство во доменот на графичкиот дизајн во чии рамки има остварено завидни резултати и покрај притисоците на безобразните и неедуцирани клиенти. Најновите дела се ослободени од комерцијалните стеги и компромиси и во нив Костовски го има имплементирано својот ликовен сензибилитет и културен багаж акумулиран со години. Во нив е остварена ефектна синтеза помеѓу содржината, формата и бојата. Делата се замислени како своевидна визуелна поезија во којашто графичките прикази остваруваат дијалог со кусите коани пишувани во вид на дневник, крајно непосредно и искрено. Во нив е отсутно Eгото а, e присутна Суштината со што авторот се доближува до источната зен филозофија.

Костовски медитира за секојдневните нешта (персоналност, екологија, однос кон работата и професионализмот, дихотомијата дигитално-аналогно итн.) преточувајќи ги несвесните содржини во литерарна постапка блиска на принципите на психичкиот автоматизам.

Иконографски, постерите носат печат на јапонската графика (црниот соларен диск е лајт мотив и аналогијата со јапонското знаме е неизбежна иако тоа не е направено тенденциозно) супрематизмот, минимализмот, поп-артот, street- артот (стилската категоризација е ирелевантна компонента но честопати преку одредени аналогии и референци им овозможува на љубопитните но неупатени реципиенти полесен приод кон ликовната проблематика како и кон поетската, философската и метафизичката димензија).

Делата се графички крајно симплифицирани но да се биде или да се стане едноставен не е воопшто лесно. Едноставноста е процес на постојана редукција, кондензација, дестилација; редукција на значења и концентрација на есенцијалното.

Изложен во галерија постерот e деконтекстуализиран при што се соочуваме со еден социолошки феномен -во зависност од изложбениот простор (улица или галерија) ќе зависи и акцептирањето и сугестибилноста на постерот (последниве неколку години во Македонија сме сведоци на жестоки реакции во јавноста предизвикани од уметнички практики изложени на билборд. Доколку беа изложени исклучиво во галериски простор немаше да кренат толкава прашина).

Улицата има свои законитости. Изложен на улица постерот го перципираме брзо, непосредно и заради тоа сликата и идејата мора да биде концентрирани во есенцијална смисла на зборот. Галерискиот простор е храм и во него постерот го доживуваме смирено, контемплативно. Нештата добиваат речиси свечена нота. Во такви услови и контроверзната острица на постерот отапува при што тој добива сосема поинакво значење.

Настојувањата на Костовски да ја редефинира улогата на постерот како и неможноста да се направи јасна категоризација на неговите дела го потврдуваат правилото дека повеќе не постои ригидна медиумска и стилска differentia specifica и дека постојат само два вида на уметност, добра и лоша.



Атанас Ботев

----

I The Person, aPOSTERiori
ThePoster is an urban medium and its status has always been controversial. It doesnot expect us to worship it nor displayit in a museum. It is created to meet the needs of a client, most often, it is outin the street and its communicative attributes are its basic imperative.

Theposters that Goran Kostovski creates are displayed in a gallery and possess somepositive aspects – they lack pretentiousness and are created to satisfy theartist’s personal, intimate needs. This is the point where their relationship toadvertising is disrupted as they enter the sphere of ‘pure’ art. His posters ordigital prints (the differentiation of media isirrelevant) displayed at the Open Graphic Studio are a result of a longexperience in the area of graphic design, where Kostovski excelled with greatresults, despite the pressures from the occasional rude and inexperiencedclients.
Hismost recent works are free from commercial restraints and compromises and withinthem Kostovski has implanted his own sensibility and cultural baggageaccumulated throughout the years. In them, he achieves an effective synthesisof content, colour and shape. The works are conceived as a kind of visualpoetry through which the prints establish a dialogue with the short koans written as a diary, direct and sincere. Inthem, the Ego is absent, but content is present, and with this, the authorapproaches Eastern Zen philosophy.

Kostovskimeditates on everyday experiences (personality, ecology, relationship to work andprofessionalism, dichotomy of the digital and the analogue etc), sublimatingthe unconscious contents into a literary process close to the principles of psychicautomatism. Iconographically, the posters bear thesignature of the Japanese prints (the black, solar disk is the light-motive andthe analogy with the Japanese flag is unavoidable, though intentional),suprematism, minimalism, pop art, street art (the stylistic categorization isan irrelevant component, though at times through different analogies andreferences it allows the curious, but unknowledgeable recipients an easierapproach to aesthetic evaluation as well as the poetic, the philosophical andmetaphysical dimension).
Graphically,the works are exceptionally simplified. However, to be or to become refined isnot an easy endeavor. Simplicity is a process of constant reduction,condensation, distillation, depletion of meaning and concentration of the essential.

Theposter displayed in a gallery is de-contextualized, thus we face a somewhat socialphenomenon – the space where the poster is displayed (on the street or in agallery) determine its acceptance and its suggestiveness (in the last fewyears, we have witnessed strong public reaction to artwork displayed as billboards.If shown in a gallery they wouldn’t have stirred up the public to that extent).
Thestreet has its own rules. Displayed there, we perceive the poster quickly anddirectly, thus the image and the idea have to be concentrated in the most essentialsense of the word. The gallery space is a temple and there, we experience theposter with calmness and contemplation. The objects gain an almost solemn note(dimension?). In such conditions, the controversial edge of the poster becomes bluntadopting a completely new meaning.

Kostovski’sintention to redefine the role of the poster as well as the inability to clarifythe categorization of his works confirm the rule that there is no longer arigid media and a stylistic differentiaspecifica but that there are only two kinds of art - good and bad.

AtanasBotev