Стан во Пробиштип во кој интервениравме во делот на ентериерот. Нашата идејата во проектот беше да ја имплементираме сивата боја во комбинација со природно дрво како материјал придружен со жолти и златни сегменти. Кујната е изработена од медиапан во комбинација на бела, сива и жолта боја. ТВ комодата е изработена од медиапан а трпезариската маса е од природно дрво.