Damjan Lozanovski's profile

NBRM: Predlog reshenie na banknoti od 200 i 2000 denari

Банкнота 200 денари
 
Аверс
Детал од фасадата на шарената џамија. Објект изграден во XV век кој по својата архитектонска вредност претставува уникатен пример на градежен потфат на овие простори. Со својата значајност и монументалност придонел во развојот и еманципацијата на муслиманската популација на градот Тетово. Иако објектот преживеал голем број воени збиднувања од балкански и светски карактер па дури и еден локален меѓуетнички конфликт на почетокот на овој век, истиот бил отсекогаш почитуван и чуван со посебен пиетет како од верниците од муслиманска вероисповед така и од припадниците на останатите верски конфесии кои живеат на територија на град Тетово. Со својата архитектонска вредност и значењето што го има меѓу населението на градот генерално претставува вистински пример на почитување на различностите и респект кон соживотот.

Реверс
Блаже Конески, македонски академик, културен деец и една од најмаркантните интелектуални фигури на XX век. Конески е несомнено најсилниот печат на македонската посебност и национална кауза. Создавач на современата македонска азбука, литературен јазик и граматика ги поставил темелите на современата македонска држава и претставува основа на нашата самобитност. Со сопственото дело и манирот на врвен интелектуалец се здобил со почит на територијата на цела поранешна Југославија како и меѓу славистите од целиот свет. Како што капиталното дело шарена џамија е предмет на општ почит на територијата на градот Тетово и неговата околина, така Блаже Конески со своето капитално дело  се здобил со општо призната почит на целиот славјански свет. Токму затоа сметам дека овој аверс и реверс прекрасно го опишуваат начинот на живеење во Македонија.
 
 
Банкнота 2000 денари

Аверс                                                                   
Аквадукт од Римски период во близина на археолошкото наоѓалиште Скупи. Овој објект од Римскиот период претставува капитално дело на тогашната еманципација на античка Македонија. Транспортот на вода претставува значаен и културолошки дострел кој битно влијаел на стандардот на населението на Скупи и околината. Со оглед на неговата грандиозност и фактичка зачуваност во изворна форма до денешни дни претставува значаен и неодминлив археолошки и културолошки локалитет на градот Скопје кој генерално му дава шмек на историски логалитет по своето значење можеби рамен на Римскиот колосеум.

Реверс
Свети Наум Охридски. Пандан на значењето на аквадуктот на аверсот на оваа банкнота, Свети Наум Охридски представува корифеј на европската и светската писменост. Имајќи визија за значењето на пишаниот збор и науката во целина со револуционерна храброст во IX век од нашата ера го отвара првиот универзитет во манастирски комплекс. Затскриен во пазувите на Охридското езеро ја шири писменоста и ги создава првите пишани книги како основ за понатамошен развој на науката и цивилизацијата. Онака како што Римскиот аквадукт на Скупи му донел културолошка еманципација уште посилно и позначајно тоа го направил св. Наум Охридски со силата на пишаниот збор.
Банкнотата е заштитена со симболи од теракотите пронајдени на Виничкото кале меѓу постарите артефакти од животот на територијата на Македонија кои зборуваат за исконските вредности на ова парче земја како и за времетраењето на организиран живот на нејзина почва.
Останати заштитни знаци: филигран и пафта.
Филигранската обработка е еден од заштитните знаци на уметничката обработка на територијата на Македонија подеднавко почитувана од сите национални заедници и конфесии претставена преку избор на предмети изработени во различни краеви од републиката, вонреден артефакт и симбол на заедничкиот соживот.
 
 
NBRM: Predlog reshenie na banknoti od 200 i 2000 denari
Published:

Owner

NBRM: Predlog reshenie na banknoti od 200 i 2000 denari

NBRM: Predlog reshenie i izrabotka na baknoti od 200 i 2000 denari

Published:

Creative Fields