Dragan Apostolski's profile

Величенствени погледи на Шар Планина

Величенствени погледи на Шар Планина
За авторот
Драган Апостолски, 27 годишен фотограф од Тетово, Македонија. 

Со фотографија се занимавам веќе 15-тина години. Отсекогаш сум имал чувство за доловување на убави моменти, и отсекогаш сум сакал да се играм со фотоапарати. Тоа, здружено со љубовта по планините и планинарењето, резултираше во огромен број на фотографии од планината во која израснав и се оформив како пејсажен фотограф. 

Шар планина има посебно место во моето срце, бидејќи таму се чувствувам како дома. Секогаш успева да ме воодушеви со својата убавина, разноличност, променливост, дивина, и мир. Благодарен сум што сум имал можност да бидам во близок контакт со оваа планина уште од мали нозе, и ја ценам бескрајно секоја можност што ја добивам да шетам по неа, и да ги фотографирам нејзините убавини. 

Благодарен сум исто така што на едно ноемвриско попладне временските пригоди беа одлични и само доливаа на убавините на шарпланинските врвови, за да можам да ја изработам фотографијата “Бескраен хоризонт“, со која што ја освоив наградата за најдобра фотографија на првиот фото конкурс за балканскиот зелен појас. 

Покрај пејсажна фотографија се занимавам и со портретна, експериментална, како и фотографија на архитектура и градови. 
Бескраен хоризонт: Поглед од врвот Љуботен кон југоисточниот гребен на Шар Планина.  
Третата лешинчка карпа, видена од лешничката долина. 
Долина Лешница
Средната Лешничка карпа.
Средна лешничка карпа, и Титов Врв во позадина.
Погледи од Титов Врв кон средна лешничка карпа, на едно изгрејсонце во август.
Магија на изгрејсонце: Поглед од врв Љуботен кон југо-источниот гребен на Шара.
Шарена шара: Врвот Кобилица завиен во облаци.
Доброшки езера.
Ливадичко езеро, и врв Љуботен во позадина.
Изгрејсонце на Љуботен: Вистинска драма од облаци и ниски сончеви зраци. Поглед кон Косово.
Магла се спушта над Бело езеро.
Панорамски поглед на Бело езеро. 
Тиркизната вода на Караниколичко езеро. 
Погледи кон врвот Бориславец од Боговињско езеро.
Замрзнато Боговињско езеро. 
Луѓе во далечина: Замрзнато Боговињско езеро. 
Величенствени погледи на Шар Планина
Published:

Owner

Величенствени погледи на Шар Планина

Published:

Creative Fields