iko ilievski's profile

#PetokMiE - digital stickers

#ПетокМиЕ 

Достапна е нова едиција стикери на македонски јазик за социјалната мрежа Instagram.
Станува збор за 13 стикери, кои можат да се најдат под рубриката GIF, со впишување на клучни зборови како: петок, petok, петокмие, petokmie.
Станува збор за фрази, зборови кои се дел од разговорниот јазик на помладите генерации. Истите можат да се слушнат при нивните разговори на кафе или пијачка, во читална, во аулата на факултет, во парк или сл.

„Дојди во маало“, „Штеди, криза е“, „Ај на клупи“, „Седни учи“, „Тотално зелени“, „Испитна ми е“, „Не се сите исти“, „Лето е“ се дел од првата група стикери. Истите имаат за цел да ги поттикнат младите на социјализација, учење и реализирање на нивните обврски, кон себе си и заедницата во која живеат.
Втората група стикери се однесува на моментите на дружење, дочекување на викендот, како период кога одмараме, имаме повеќе време за себе и за луѓето кои ги сакаме. И тука можете да ги користите стикерите како: „Петок ми е“, „Живеам за викенд“ и „Сите сме луди“

Основната цел е младите, но и сите граѓани повеќе да го користат македонскиот јазик на социјалните мрежи. Заштитата и афирмацијата на јазикот треба да биде од секој аспект, вклучително и во контекстот во кој се однесуваат и изразуваат новите генерации.

follow me on instagram:

#PetokMiE - digital stickers
Published:

Owner

#PetokMiE - digital stickers

Published: